| |

НОВИ ЧЕТИРИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ВЕЌЕ 35 ЛУЃЕ СЕ ЗАБОЛЕНИ ВО ЗЕМЈАТА

Министерството за здравство соопшти дека изутрината е потврден коронавирус кај четири лица од Скопје, со што вкупниот број заболени во државава до 12 часот денеска изнесува 35.

Состојбата на сите пациенти е стабилна. Доцна синоќа на Скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.

За повеќе информации за состојбата со коронавирусот министерот за здравство Венко Филипче ќе информира на прес-конференција закажана за 15 часот во Владата.

Слични Објави