|

Земјотрес почувствуван во делчевскиот крај

Земјотрес со магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала во 9.31 часот е регистриран во Бугарија, на 11 километри од Благоевград.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на станиците инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово, на 4.9.2023 година, во 9.31 часот, регистрира земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML3.3, чиј епицентар се наоѓа 140 км источно од Скопје во соседна Р. Бугарија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Делчево, Тработивиште и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.



Слични Објави