|

РУСКИ ЕПИДЕМИОЛОЗИ: НЕ КОРИСТЕТЕ АНТИВИРУСНИ ЛЕКОВИ

Лекарите во Русија повикуваат да се престане со набавка на антивирусни лекови. Тие тврдат дека е подобро граѓаните воопшто да не ги купуваат без препорака на лекар.


„Земање на такви лекови може да предизвика автоимуна болест“, рекол Иља Акинфев, епидемиолог од Русија.

Лажни медицински експерти додаваат масло на огнот со совети дека „полесно се фаќа коронавирусот без антивирусни лекови“.

Лекот за коронавирусот сѐ уште не е создаден. Додека светот го чека, едноставни, но ефикасни правила ќе помогнат во смалување на ризикот од болеста Ковид-19: редовно миење на рацете и користење на средства за дезинфекција.

Социјалниот психолог Алексеј Рошин дава препорака за оние кои сметаат дека се премногу анксиозни да го ограничат своето присуство на социјалните мрежи и да го намалат читањето на вестите за коронавирусот.



Слични Објави