|

ПОРАНЕШЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ И МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВО БОРЕЊЕ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

Меѓу 555 заболени од коронавирусот во Македонија се наоѓа и првиот спортски работник. Станува збор за проф. Љубиша Пешко, поранешен македонски и југословенски репрезентативец во борење, а сега селектор на македонската репрезентација во грчко-римски стил, но и претседател на боречкиот клуб Вардар.

Тој е хоспитализиран, но се чувствува добро и засега нема силни симтоми од Covid-19. Љубиша Пешко беше сениорски репрезентативец на Македонија под водство на Насе Насев, настапуваше за Спартак Руен и за Бучим Јака, а потоа навлезе и во тренерските води.

https://www.facebook.com/televizijastar/videos/2556129491304126/

Слични Објави