|

АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: ТОПЛОТО ВРЕМЕ САМО ЌЕ ГО ЗАБАВИ ШИРЕЊЕТО НА КОВИД-19

Американски научници испратија писмо до Белата куќа во кое се тврдат дека се чини дека коронавирусот нема да исчезне со доаѓањето на потоплото време.

Во писмото до Белата куќа, членовите на Националната академија на науките велат дека податоците за тоа колку топлото и ладното време влијаат на коронавирусот не се конкретни.

„Постојат некои докази кои сугерираат дека коронавирусот може побавно да се пренесува во средини со повисоки температури и влажност. Сепак, со оглед на глобалниот недостаток на имунитет, ова намалување на ефикасноста на преносот не може да доведе до значително намалување на ширењето на болеста без придржување кон строги мерки”, се нагласува во писмото.

Во писмото се наведува дека студија во Кина покажала дека вирусот се шири и во услови на максимална температура.



Слични Објави