КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС
Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) денеска поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство врз основа на член 149 од Кривичниот законик за злоупотреба на лични податоци, заради неовластено објавување на списоци со наслов Корона вирус -КОВИД 19 за граѓани на РСМ на кои се објавени имиња, датум на раѓање и адреса на живеење. Согласно Законот за заштита на личните податоци, од Агенцијата потенцираат дека обработката на податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето е забранета.
АЗЛП на нивната веб-страна објави укажување во врска со објавена вест на неколку електронски медиуми дека на социјалните медиуми кружат фотографии со списоци со лични податоци (име, презиме, адреса, матичен број) на лица од Куманово кои се заболени со корона вирус (Ковид-19).
