ПРАТЕНИЧКА ОД ПРИЛЕП Е ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19
Пратеничката Кети Смилеска, од редовите на СДСМ е позитивна на коронавирусот, јавува Канал5.
Смилеска, која е првата пратеничка позитивна на Ковид-19, за Канал 5 вели дека не знае како заболила, бидејќи заедно со децата била во самоизолација еден месец, а од нејзиниот дом поради работни обврски, излегувал само сопругот.
Станува јасно дека во саботата нејзината состојба се влошила и таа била хоспитализирана во болницата во Прилеп.

