КРЕМЉ ЌЕ ЈА ОДЛОЖИ ПАРАДАТА НА ПОБЕДАТА
Кремљ одлучи да ја одложи парадата на 9 мај за подоцнежен датум, којшто најверојатно ќе стане познат во наредните денови или подоцна денеска. Ова го наведуваат руски извори за BBC.
Една од опциите што се разгледуваат е 24 јуни, датумот кога во 1945 се оддржала парада под командата на Маршал Георги Жуков, а друга опција е 3 септември.
Вчера, руски организации на ветерани го повикаа претседателот Владимир Путин да ја одложи воената парада по повод годишнината од победата над нацистичка Германија поради пандемијата коронавирусот.
