| |

ОД СРЕДА ВО ТЕТОВО, КУМАНОВО И ПРИЛЕП ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗЛЕГУВА НАДВОР САМО СО МАСКИ

Од среда сите  граѓани на Тетово, Куманово и Прилеп задолжително треба да носат заштитни маски при излегување надвор. Ваква мерка се воведува првпат од почетокот на ширењето на коронавирусот во  Македонија.

Таа е дел од повеќето одлуки, мерки и препораки од 44-та седница на Владата, кои се однесуваат на Куманово, Тетово и Прилеп, а кои произлегоа од 30. состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19.

За оваа цел, Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната владина седница да достави уредба со законска сила во која правно ќе го нормира ова прашање, начинот на имплементирање, користење, потребната заштитна опрема, како и да се уреди прашањето на минимум задолжителната количина (резерва) што производителите на маски треба да ја имаат за потребите на државните институции.

„Во уредбата да се предвиди дека обврската за носење на заштитна опрема ќе се применува на територијата на Република  Македонија, но по извесен период“, стои во соопштението

Слични Објави