ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО ПЕХЧЕВО
Прв случај на коронавирус денеска е регистриран во Пехчево, доцна вечерва објави градоначалникот Драган Тренчовски, како и самиот заразен пациент кој е вработен во тамошниот Здравствениот дом.
„Денес, кога на територијата на Пехчевскиот регион е дијагностициран првиот инфициран пациент со корoнавирусот, чувствувам потреба како градоначалник на општина Пехчево, но пред се како ваш сограѓанин, да ве повикам на смирено и разумно однесување. Оваа реалност, наместо паника и ширење дезинформации, од сите нас бара да покажеме висок степен на сериозно и одговорно однесување, целосно почитување на мерките и препораките на институциите и грижа за сопственото здравје и здравјето на вашите најблиски. Апелирам да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во хотелски карантин“, напиша градоначалникот на Фејсбук.