ТРАМП ЈА ЗАПИРА ИМИГРАЦИЈАТА ВО САД ЗАРАДИ КОРОНАВИРУСОТ
Доцна синоќа, во порака на Твитер, Трамп пандемијата ја нарече „напад од невидлив непријател“
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека привремено ќе ја запре имиграцијата во државата заради коронавирусот, јавува ВОА.
Тој не понуди детали, велејќи само дека потегот ќе биде во форма на извршна наредба.
САД до сега имаат најмногу потврдени случаи на КОВИД-19 во светот.
Во март, администрацијата на Трамп ги затвори границите со Мексико и Канада патувања што не се неопходни, и забрани вчез на странски државјани кои во последните 14 дена биле во Кина, Иран или во државите кои се дел од европската Шенген зона.

