| |

СТОЛТЕНБЕРГ: АКО НЕМА ПОДДРШКА ЗА СПОГОДБАТА СО ГРЦИЈА НЕМА НИ ВЛЕЗ ВО НАТО

Јенс Столтенберг се обрати на македонски пред присутните на заедничката пресконференција со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Компромисот што треба да го направите не е лесен но и двете страни направија компромиси-изјави Јенс Столтенберг.

Првиот човек на НАТО ги повика граѓаните да го поддржат референдумот за решавање на спорот за името со Грција, како единствена пречка за пристапувањето на Македонија во НАТО. Столтенберг ја охрабри Владата да ги подолжи реформите во безбедноста, владеењето на правото и останатите потребни чекори за побрза интеграција на земјата во евроатлантските структури.

Столтенберг изјави дека нема опција за влез во НАТО без поддршка за Спогодбата со Грција. Ако нема решение за името нема и членство во НАТО, изјави Столтенберг.

Слични Објави