ЗАЕВ: ГРАЃАНИТЕ СЕ ТИЕ ШТО ЌЕ ОДЛУЧАТ ВО КАКОВ ПРАВЕЦ ЌЕ ТРГНЕ НАШАТА ЗЕМЈА
Со нетрпение очекуваме да го заземе своето место во НАТО- изјави премиерот Заев за време на својата заедничка пресконференција со првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг. Заев подвлече дека според анкетите мнозинството од македонските граѓани го поддржуваат влезот на Македонија во НАТО. Во однос на релациите со Русија и аспирациите на Македонија за влез во Северноатлантскиот пакт, Заев истакна дека Македонија како мала земја треба да гради пријателски односи со сите земји вклучително и Русија. Премиерот исто така додаде дека Македонија уште во 1993 година донела одлука за влез во ЕУ и НАТО. Заев повторно истакна дека граѓаните се тие што ќе изберат во кој правец ќе отиде нашата земја.
