| |

(Фото) Лари Королоф: Торонто пред 100 години…

Активистот на МПО во САД и Канада Лари Королоф од селото Дреновени, Костурско, објави една историска фотографија на својот профил во социјалната мрежа Facebook. Објавата е насловена „Торонто пред 100 години“, а на фотографијата се гледат ученици и учители на бугарското училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Торонто.

Од фотографијата објавена од Королоф станува јасно дека прв учител во училиштето бил Кузо Темелков од селото Тиолишча, Костурско. На фотографијата можат да се видат уште учителката Елена Ц. Наумова и генералниот секретар на МПО, револуционерот Јордан Чкатров.

Слични Објави