| |

МВР СО КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ИГРАОРЦИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА И ДЕМОНСТРАНТИТЕ ОД ЧЕНТО

МВР поведе постапка за трите случаи кои во последниот период го задржаа фокусот на јавноста околу непочитувањето на забраната за движење..

За 23 учесници на протестот во скопско Ченто, кој се случи пред една недела, вечерта на 13-ти април за време на полицискиот час МВР ќе поднесе кривични пријави до Јавното Обвинителство.

Со ова, полицијата поведува постапка за вкупно 26 луѓе кои биле идентификувани на протестот, а се работи и на пронаоѓање на останатите кои постапиле спротивно на законот.

Се бара санкционирање и на гевгеличаните кои заиграа оро на улица на Велигден додека на сила беше полицискиот час…

Од овие снимки кои се појавија во јавноста полицијата препознала  дел од играорците и за нив ќе биде поднесена пријава до Јавното обвинителство.

 ,,Министерството за внатрешни работи, односно надлежните служби во текот на денов од веќе идентификуваните 18 лица учесници на настанот, извршија службени разговори со осум лица, а за останатите десет лица се во тек достави на покани за разговор во надлежната полициска станица, јавуваат од МВР.

 Дисциплинска постапка ќе биде поведена и за полициските службеници кои беа снимени како приведуваат момче кое го шетало неговото куче на улицата Антон Панов во Скопје.  

Слични Објави