ВЛАДЕЕЊЕТО НА БОГОВИТЕ АМОН (СДСМ) И РА (ДПМНЕ)
Почитувани другари, пријатели и познаници, нѐ очекува една голема макотрпна и тешка битка. Огнот кој што го запаливме како политичка партија иако многу мали, веќе им нанесуваме тешки удари на боговите АМОН И РА. Пробуваат со вода и земја да го згаснат нашиот оган но тој сѐ повеќе се разгорува. Тие водени од големите сили ние водени од нашата желба. Заборавија на нас народот, на сопствената држава, нѐ докрајчија, не доведоа на работ на бездната, излегоа од своите идеологии, ја продаваат државата, едноставно самите себе си се нарекоа богови! Ние како десница сме спремни да им се спротиставиме по секоја цена бранејќи ги интересите на народот и државата. Народот е уништен и угнетуван, работникот прегазен на секој начин, младите не напуштија, си заминуваат, само пензионерите и боговите останаа.
За една нација да опстане потребен е лидер што ќе ја води и што ќе се залага за доброто на народот, штитејќи ги националните интереси и негувајќи ја традицијата. Самопрогласените богови освен нивните милиони и доаѓањето на власт сместувајќи се во удобните фотелји друго не ги интересира. Затоа почитувани другари, пријатели и познаници, престанете да им давате поддршка на овие ЗЛА и придружете ни се заедно да ги победиме. Нема да биде воопшто лесно, патот по кој што ние ќе чекориме ќе биде трнлив многу тежок. Ќе се соочуваме со ред милиони пречки и неправди но најважно е да не застануваме. Мораме да газиме цврсто, водени од желбата за подобро утре на идните генерации! Ве уверувам дека рамо до рамо сложно и сплотено борејќи се ќе ги победиме и ќе ги испратиме во минатото (кога велам минато мислам буквално во минатото) нема да дозволиме да ги извалкаме со нивните имиња страниците на историјата!
Автор: Димитар Попандонов, член на НК на ГДУ

