ПАНДЕВ НЕ Е ЗА ФУДБАЛ: МНОГУ ЛУЃЕ ПОЧИНАА…

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев е против доигрувањето на сезоната во Серија А и покрај најавите дека наскоро екипите ќе се вратат на фудбалските терени јавува Спорт Клуб.

Информациите дека за тоа се согласиле сите 20 клуба од елитниот ранг иако секојдневно стигнуваат деманти дека некои, сепак, се против такво нешто.

„Само да се смири ситуацијата со вирусот, никој во моментов не размислува за фудбал. Ние од 4 мај можеме да трчаме и тренираме индивидуално, а поради големиот број починати во Италија, најреално е Серија А да се прекине. Фудбал без публика никој не сака“, изјави Пандев за ТВ Арена.

Неговата Џенова е веднаш над зоната за испаѓање и ако продолжи првенството, ќе има тешка задача да избори опстанок.

Слични Објави