|

НОВИ 14 СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти во: Скопје и Битола по еден, Куманово – 9, Прилеп – 2 и Велес – 7.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.

Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 5, Прилеп – 2, Тетово – 1 и Велес – 6.

Согласно ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 531, активни 130
 Куманово – 404, активни 61
 Дебар – 51, активни 0
 Штип-35, активни 2
 Прилеп –169, активни 62
 Тетово – 96, активни 42
 Струга – 67, активни 16
 Велес – 101, активни 46
 Битола –22, активни 3
 Охрид –15, активни 9
 Кавадарци – 5, активни 1
 Гостивар –17, активни 3
 Гевгелија – 4, активни 0
 Струмица – 2, активни 0
 Крива Паланка- 6, активни 2
 Радовиш – 4, активни 0
 Крушево – 3, активни 0
 Кочани – 31, активни 5
 Пробиштип – 2, активни 0
 Кичево – 2, активни 1
 Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
 Демир Хисар – 1, активни 0
 Македонски Брод – 2, активни 1
 Пехчево- 2, активни 2
 Делчево-1, активни 1
 Валандово -1, активни 1
 Виница – 2, активни 1
 Кратово-1, активни 1

Досега во земјата се направени вкупно 18.410 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се двајца пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација четири пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се двајца пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекува еден пациент, а на домашно лекување се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно пет, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Извор: Макфакс

Слични Објави