|

КУМАНОВСКИТЕ ЧЕВЛАРСКИ КОМПАНИИ ПОЧНАА ДА ОТПУШТААТ РАБОТНИЦИ

Дел од компаниите од чевларскиот сектор во Куманово ги одјавија, односно отпуштија своите работници.

Според дел од вработените во овие компании кои ја контактираа редакцијата на Кумановски Муабети, завчера им било кажано да седат дома и дека ќе бидат одјавени од работа.

– Ни беше кажано дека ќе бидеме одјавени. Да седиме дома и да чекаме да не повикат кога ќе заврши кризата. Сега немаме ниту плати, ниту придонеси за здравство и пензија. Од друга страна никој не ни гарантира дека кога ќе заврши кризата сите пак ќе бидеме повикани, вели еден чевларски работник од Куманово.

Чевларските компании во Куманово се соочуваат со вистински предизвик, од една страна со набавка на материјали за работа, а од друга страна извозот кој главно беше поврзан со Италија, која моментално е во карантин и секојдневно брои стотици жртви од коронавирусот.



Слични Објави