ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ
Од резултатите на тестирањата, дали ќе има помал или поголем број новодијагностицирани со коронавирусот, ќе зависи димензионирањето на натамошните мерки и постепеното отворање на економијата, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тие резултати денеска ќе бидат анализирани на состаноци на Комисијата за заразни болести и на централниот Штаб на Владата, по што ќе се знае како точно ќе се димензионираат мерките и кои субјекти прво ќе бидат отворени.
„Тие што организираат едукации, курсеви, автошколите би биле тие кои ќе бидат први, кои ќе почнат да функционираат согласно предлозите, изјави вчера министерот, додавајќи дека за овие предлози ќе се дискутира на денешниот состанок и ќе бидат предложени до Централниот штаб во Владата.
Приоритет ќе имаат оние кои лесно можат да воспостават ред, дистанца, дезинфекција, носење маски, и оние кои можат да овозможат шалтерски систем“, појасни министерот.
Во врска со аеродромите, Филипче рече дека е се уште рано да се отворат.
