ГОЛЕМО БРАВО ЗА МИХАЕЛА ОД СКОПЈЕ- ТАА ДОНИРАШЕ КРВНА ПЛАЗМА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19
Младата Михаела Ј. од Скопје донираше крвна плазма за лекување на заболени од коронавирусот.
Михаела е една од 1.099-те пациенти во земјата кои се излекуваа и го победија коронавирусот. Таа 17 денови се лекуваше на Инфективната клиника, а потоа 14 дена беше во домашна изолација.
Информацијата на социјалните мрежи ја објави нејзината сестра.
ова е сестра ми која после 17 дена хоспитализација на инфективно со #SARSCoV2 и 14 дена самоизолација дома денес донираше конвалесцентна плазма која ќе се користи за третман на пациенти
на линкот има формулар за пријавување за донирање https://t.co/nJgghEzW7s pic.twitter.com/7YYjuVF2EF— Ангела (@RumShtangla) May 8, 2020
