|

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ „27 АПРИЛ“: ЛУЃЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ МИ ПОМОГНАА ОД ИНКАСАТОР ДА СЕ ВРАТАМ ВО ДИРЕКЦИЈА, ОТИДОВ ВО СОБРАНИЕ ДА СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ

Преку Вибер група, членови на ВМРО – ДПМНЕ биле организирани за да одат на протестите на „За заедничка Македонија“ пред три години. Сведок на обвинителството за организиран криминал, на судењето за организаторите на насилниот 27 – ми април, раскажа дека неговите сопартијци од месниот комитет оделе на протестите. Збирно место бил, Музејот на ВМРО, пренесува Алсат М.

Не знаеше да каже од кого дошле насоките. Бил десетина пати на маршот против тиранската платформа. На 27 – ми април 2017 година, бил дома. Отишол во Собранието кога видел дека толпата е внатре. Во пленарната сала од насобраните стигнала наредба, дел од луѓето да одат во прес салата, каде беа пратениците на СДСМ.

„Имаше луѓе во ВМРО – ДПМНЕ кои ми помогнаа од инкасатор во Агенцијата за патишта, да се вратам во дирекција. Отидов во Собранието на 27 – ми април за да бидам виден и да се заблагодарам и воедно да дадам поддршка“, вели еден сведок.



Слични Објави