АВТОБУС ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕ, ВОЗАЧОТ СО ПОМАЛИ ИЗГОРЕНИЦИ НА НОЗЕТЕ
Приватен автобус за јавен превоз на патници се запали вчера утро по 7 часот кој сообраќал на линијата 45 од населбата Ченто кон Транспортен центар. За среќа во автобусот немало патници, освен возачот кој се здобил со изгореници по нозете и веднаш бил пренесен во болница. Според првичните сознанија, причина за пожарот бил краток спој на електричната инсталација на автобусот.
