| |

Бугарија е во првите 10 земји производители на вино во ЕУ

Бугарија е меѓу првите десет земји-членки на ЕУ по производство на вино. Ова го соопшти заменик министерот за економија и индустрија Јанко Топалов при отворањето на 30-тото издание на Меѓународната изложба за лозарство и винарство „ВИНАРИЈА“, која од денес до 25-ти февруари се одржува на Меѓународниот саем – Пловдив.

„Зад позитивните статистички податоци стои трудот на сите вас – бугарските лозаро-винари“, рече Топалов. Тој исто така посочи дека винарството не е само статистика, туку производ со културни димензии. „Винарството веќе е дел од нашето нематеријално културно наследство“, потсети заменик министерот.

„Преку иницијативи како денешната се дава уште една можност за претставување на бугарските вина и нивно позиционирање на странските пазари“, коментира Јанко Топалов. Според него, еден од приоритетите на Министерството за економија и индустрија не е само да се зачувуваат, туку и да се развијат традиционално водечките позиции на нашата земја во производството на вино.

Меѓународната изложба за лозарство и винарство се одржува осми пат по ред заедно со Меѓународната земјоделска изложба „АГРА“ и Меѓународната изложба за храна и пијалоци, пакувања, машини и технологии „ФУДТЕХ“. На трите изложби годинава се претставени над 600 компании од 25 земји.



Слични Објави