АМЕРИКАНСКА ФИРМА ОТКРИЛА АНТИ ТЕЛА КОИ ШТО 100 % ШТИТАТ ОД КОВИД 19
Американската био-фармацевска компанија Соренто Тера Пјутикс, соопшти дека тим на нејзини научници отвориле тип на анти-тела, кои потполно ги заштитуваат човековите клетки, од новиот корона вирус и го исфрлаат од организмот во рамките на 4 дена. Хенри Џи, основач и директор на компанијата стационирана во Сан Диего, Калифорнија, ја соопшти оваа вест пред телевизија Фокс Њуз. Според него анти-телото СТИ 1499 може да го истисне 100 проценти корона вирусот и може да почне да се применува неколку месеци пред и самата вакцина да биде создадена.
„Сакаме да подвлечеме дека има метод за лечење на корона вирусот. Има решение што работи на 100 проценти. Ако во вашето тело има такво анти тело, нема да морате да чувате дистанца“, вели Џи.

