ИВЗ: АКО ИМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЌЕ ЈА ИЗГУБИТЕ ДОВЕРБАТА НА ВЕРНИЦИТЕ
„Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската вероисповед, имајќи предвид дека нашата земја се наоѓа пред одржување на парламентарни избори. Додека ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар над грб за откажување намазот на Фитер Бајрам во џамија. Ви гарантираме дека во текот на обавување на намазот, ќе ги почитуваме сите препораки кои се имплементират за обавување на дневните намази, за кои досега не сме добиле никаква забелешка од Ваша страна. Се надеваме на Вашето разбирање“ стои во писмото на првиот човек на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи до Владата, Главниот кризен штаб и Комисијата за заразни болести.

