ЛУПЕВСКА: ДА НЕ БЕШЕ ГЕРОСКИ НЕМАШЕ ДА СЕ ДОЗНАЕ ЗА АФЕРАТА „РЕКЕТ“
Новинарката и автор на емисијата „Код“, Снежана Лупевска Созен денеска во телефонско јавување во емисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави дека, ако Героски не напишал за случајот „Рекет“, аферата никогаш немало да биде откриена, а Боки уапсен.
Лупевска Созен додава дека според неа, некој навистина сакал да го сокрие случајот.
Таа рече уште целата истражна постапка, ако се има во предвид времето кога се направени снимките, нивното праќање во Обвинителството и тоа кога Јовановски беше уапсен, се одвива многу бавно.

