ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ДАЛИ ЗА ВИКЕНДОТ ЌЕ ВАЖИ ПРОДОЛЖЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС
Владата утре ќе донесе одлука за тоа дали ќе има продолжен полициски час за време на викендот, кога се поклопуваат два празника – Денот на светите просветители св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Фитер Бајрам.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека со Комисијата за заразни болести предложиле полицискиот час да трае од сабота од 19 часот до вторник до 05 часот.

