КОЛЕВ ПОВИКУВА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ШТИПСКИТЕ КОНФЕКЦИИ ДА БИДАТ ПУШТЕНИ НА ПЛАТЕН КОЛЕКТИВЕН ОДМОР
„За n-ти пат повикувам вработените во конфекциската и другите преработувачки индустрии на територијата на градот Штип кои не можат да го адаптираат производството да бидат пуштени на платен колективен одмор, со цел да се спречи ширењето на вирусот КОВИД-19. Јасно е дека на вработените не можат да им се осигураат безбедни услови за да си ги извршуваат работните задачи, затоа истите треба да бидат заштитени преку колективниот одмор. Во случајот се работи за здравјето на сите жители на градот Штип, а во едно со тоа и за здравјето на многу луѓе од целиот источен регион, кои работат токму во спомнатите производствени капацитети. Не чекајте ни ден повеќе, да ги заштитиме нашите мајки, сестри сопруги и пријатели“, стои во објавата на претседателот на ГДУ, Петар Колев на социјалната мрежа Facebook.

