|

НЕ ПРЕСТАНУВА НЕЗАКОНСКОТО ГРАДЕЊЕ ВО АВТОКАМПОТ „ГРАДИШТЕ“

Уривањето на ѕидот во автокампот „Градиште“ беше само шминка за јавноста, истиот не се сруши целосно како што беше најавено туку напротив сведоци сме дека деновиве пак се доградува, алармираат повторно денеска жителите на селото Пештани, јавува телевизија 24. Уште поалармантно велат се дивите градби на тој потег кои прават далеку поголема штета на крајбрежјето и езерото.

Денеска во автокампот „Градиште” камерата на телевизијата забележа угостителски објекти од цврста градба до самото езеро, шанкови, монтажни кампови и бетонски ѕидови на секој чекор.

Освен што се ова е изградено на земјиште кое е во постапка на денационализација и во сопственост на пештанци, узурпаторите до вистинските сопственици секојдневно упатуваат закани дека ако продолжат да се бунат, јавно ќе биде лошо, коментираат жителите. 

Слични Објави