ОДЛУКАТА ЗА ОТВОРАЊЕ НА НАДВОРЕШНИТЕ ГРАНИЦИ НА ЕУ ЌЕ БИДЕ ДОНЕСЕНА ПО 15 ЈУНИ
Францускиот премиер Едуар Филип денеска потврди дека одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ ќе биде донесена по 15 јуни со заедничка европска координација, јавува дописникот на МИА, пренесува АлсатМ.
Франција, според Филип, го поддржува повторното отворање на границите во ЕУ, откако најпрво се осврна на прашањето за надворешните граници кон Европската Унија, прецизирајќи дека европските земји ќе одлучат дали повторно ќе ги отворат на 15 јуни.