ТЕСТИРАНИ СЕ ОКОЛУ 35 ВРАБОТЕНИ ВО ТЕКСТИЛНИ ФАБРИКИ ВО ШТИП
Во тек е тестирање на работниците од текстилната индустрија во Штип, а исто така и на оние кои се превезувале во истите автобуси од други конфекции до своите работни места.
Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје – Штип денеска земаат брисеви на околу 35 работници и нивни контакти, а тестирањето ќе продолжи и утре.
Тестирањето се врши на пунктот, но и по домовите кои се опфатени со тестирањето. Резултатите, кои ќе се добијат ќе ги дададат и насоките на надлежните, какви мерки дополнително ќе се преземат.
