ПАНОВСКИ: КАРАНТИН ЗА ОПШТИНИТЕ СО ЖАРИШТА, РАБОТАТА Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА
Треба да ги затворат општините каде што се жариштата, да се постави полиција пред секоја зграда или куќа во која има кластери, да се контролираат тие места, вели за ,,Слободен печат“ доктор Никола Пановски.
„Работата е веќе испуштена од контрола, не требаше да се пуштат навечер младите да шетаат, затоа што тие допрва ќе го шират вирусот како најголеми преносители. Бидејќи Комисијата за заразни болести тврди дека ја има ситуацијата под контрола, треба да ги затворат општините каде што се жариштата, да се постави полиција пред секоја зграда или куќа во која има кластери, да се контролираат тие места – тврди за ,,Слободен печат“ доктор Никола Пановски.
