| |

НАВАЛНИ: „АКО НЕ СЕ ВРАТАМ ВО РУСИЈА, ЗНАЧИ ПУТИН ЈА ПОСТИГНАЛ СВОЈАТА ЦЕЛ“

Познатиот руски опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални изјави дека ќе се врати во Русија веднаш откако тоа ќе дозволи неговата здравствена состојба.

Навални во опширно интервју за германски „Шпигел“ подвлече дека „нема да му направи толкаво задоволство на Путин останувајќи да живеам надвор од Русија“.

„Ако не се вратам во Русија, значи Путин ја постигнал својата цел“, вели Навални во интервјуто за „Шпигел“.

Рускиот опозиционер вели дека во моментот се чувствува прилично добро, но не може да спие и затоа пие апчиња за спиење.

Слични Објави