| |

АДВОКАТИТЕ НА ЈАНАКИЕСКИ ПРЕКУ ПИСМО БАРААТ ПРОРЕТЧУВАЊЕ НА РОЧИШТАТА: ИМА ПОВЕЌЕ СУДЕЊА ОД РАБОТНИ ДЕНОВИ

Против нашиот клиент Миле Јанакиески пред Основниот Кривичен суд Скопје во моментов се водат 7 кривични постапки, нешто што не е забележано како пример во правосудството во Македонија од 1944 година до сега. Поради ваквата ситуација во неколку наврати нашиот клиент со поднесок се обрати до претседателот на Основниот Кривичен суд Скопје како и судечките совети во Судот со кој побара разбирање и надминување на проблемот со секојдневното закажување на рочишта кој се провлекува веќе подолг временски период а кој проблем сериозно задира во основните човекови права, се вели во писмото од адвокатите Еленко Миланов, Александар Новаковски, Донче Наков, Димитар Дангов и Сања Алексиќ.

Писмото е упатено до членови на судски совет, кривичен суд, дипломатски претставништва, медиумите и невладините организации со цел да укажат за правично и правилно утврдување на распоредот на судење за наредниот период за да се овозможи ефикасна одбрана на обвинетиот Јанакиески.

– Јанакиевски во седум предмети се јавува како обвинет покрај други лица, а само еден од овие предмети по својата процесна природа е итен со оглед дека за предметот познат во јавноста ,,Шпански скали’’ КОК бр. 30/20 изречна е мерка куќен притвор која ја издржува од 28.06.2019 година но за жал самиот предмет е на самиот почеток. Мерката куќен притвор дополнително ја отежнува комуникацијата со нашиот клиент за подготовка на самите рочишта – велат адвокатите на Јанакиески.

Тие укажуваат дека рочишта за Јанакиески во октовмври се закажани речиси секој ден, а дури во некои денови има и по две рочишта. Според нив, ова предизвикува реален проблем за подготовка на одбраната. Поради ова Јанакиески во септември, кога имал судења секој работен ден, се обратил со поднесок до председателот на Основниот Кривичен суд и судечкиот совет со молба да се надмине ваквиот проблем при закажувањето на рочиштата за октомври и да се обрне внимание на кривичниот предметот каде е изречена мерка куќен притвор.



Слични Објави