| |

СИНАДИНОВСКА: ЈАНЕВА Е ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА РУИНИРАНИОТ СИСТЕМ ОДРЖУВАН ОД МАФИЈАТА ТРИ ДЕЦЕНИИ

„Сите поделби по верска, етничка, социјална и особено партиска основа треба да си ги фрлите во корпа и да почекаат подобри времиња.

Го нема ова општество веќе тој луксуз. 
Оваа разграбана земја се бори да преживее и единствената логична поделба е таа на чесни и на нечесни, на крадци и на ограбени, на корумпирани и на оштетени.

На мафија и на народ!

Секој кој ова не го разбира и останува заглавен во партиското трло, поттикнувајќи ги останатите поделби, работи свесно или не, токму за мафијата.

Специјалната хероина, очигледно исклучително глупава, алчна и без ронка свест за улогата, не било тешко да се претвори во негативец. Конечно, не знаеме ни дали воопшто имало што да се “претвора”.

Но, филмот што ни го режираат оние кои одамна набавиле мебел во куќите и на копно и на море, дека внимавајте, Јанева (сосе пријателот) е синоним за македонскиот криминал немам намера да го гледам. Па вчера беше. Памтиме!

Јанева е олицетворение токму на руинираниот систем, одржуван од мафијата три децении. 
Таа е жив доказ за нејзината моќ и продреноста во се’ што значи институција, постоечка или новоформирана, шлаканица која не’ трезни со што располага оваа земја како кадар, алатка во одбраната каде што нејзините лисици треба (а не смее!) да значат нивна слобода.

А нејзиниот грев? Уф! Нејзиниот грев не се мери во пари… 
И во тоа, во суштина е целата негова монструозност“, напиша на својот facebook профил новинарката Катарина Синадиновска.



Слични Објави