МИТКО ЈАНЧЕВ Е НА ПАТ ДА ГО ОДЛОЖИ ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ МИЦКОСКИ
Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев го чека одговорот од Комисијата за заразни болести дали може да организира протести во време на коронавирус.
Јанчев за Слободен печат вели дека на протестите за оставка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кој информриал на Фејсбук очекува да дојдат од 1000 до 2000 луѓе.
„Ни беше посочено дека собир од толкав број на луѓе нема да биде според здравствените протоколи и дека е ризичен во момент кога бројот на заболени од Ковид 19 постојано расте. Од Комисијата ни укажаа дека протестот би можел дополнително да предизвика ново жариште за кое ние би биле директни виновници. Иако законски ваквата ситуација не е решена, сепак од морални причини ќе мораме да ја послушаме Комисијата“, вели Јанчев за Слободен печат.
Јанчев информира дека доколку во меѓувреме стигне допис од Кмисијата за заразни болести, дека не треба да се организираат протести, тогаш преку преку прес конференции со дел од општинските комитети од повеќе градови ќе бараме оставка од Мицкоски.
