СЕ ОЧЕКУВА МАКРОН ДА ЈА ЗАТВОРИ ФРАНЦИЈА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ
Франција најверојатно ќе замине во едномесечен локдаун заради Ковид-19. Тоа се очекува да го соопшти претседателот Емануел Макрон во своето обраќање до нацијата вечерва, јавуваат француските медиуми.
Макрон ќе ги соопшти и новите мерки против коронавирусот откако водечките научници во земјата објавија дека состојбата е надвор од контрола.
Главното прашање за француското општество е колку строги ќе бидат мерките? Според некои анализатори е возможно новите мерки да бидат помеки од оние во март и покрај фактот што Франција одамна го надмина црниот рекорд од април.
