ПРИВЕДЕН МАЖ НА 34 ГОДИНИ ФИЗИЧКИ ЈА НАПАДНАЛ ЉУБОВНИЦАТА
Во СВР Тетово е пријавен напад врз жена на 47 години, нападната од маж на 34 г. од тетовски село. Напаѓачот е приведен синоќа околу 20 часот и 10 минути.
„Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот М.М. од тетовско село, кој претходно околу 18 часот и 40 минути навредувал и физички нападнал 47-годишно женско лице, со кое подолго време биле во љубовна врска“, информира СВР Тетово.

