ОРБАН: УНГАРИЈА ГИ ЗАТВОРА УЧИЛИШТАТА, УНИВЕРЗИТЕТИТЕ, РЕСТОРАНИТЕ, ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС
Орбан денес рекол дека спорските настани ќе се одржуваат без публика, а сите собири ќе бидат забранети.
Унгарија ќе ги затвори средните училишта, универзитетите и рестораните и ќе воведе продолжен ноќен полициски час од вторник на полноќ за да се запре брзиот раст на случаи на коронавирус, најави премиерот Виктор Орбан на својата Фејсбук страна.
Орбан денес рекол дека спорските настани ќе се одржуваат без публика, а сите собири ќе бидат забранети, пренесе унгарската агенција „МТИ“.
Рекол дека новите рестриктивни мерки се потребни затоа што „доколку заразата продолжи да се шири со моменталното темпо, унгарските болници нема да можат да го поднесат товарот“.
