|

ШТИПЈАНЕЦ СО ВЕРБАЛНИ ЗАКАНИ КОН ПЕРСОНАЛОТ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА

Дваесет и деветгодишен штипјанец сакал насилно да влезе во болничката соба на Инфективното одделение, каде што од коронавирусот се лекувала негова роднина, јавува Канал 5.

Случајот е пријавен во полицијата од еден од вработените, а подоцна и лекарката која наместо да ги лекува пациентите трпела агресивно однесување, но и вербални закани и навреди од 29-годишниот маж.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев го потврди случајот и рече дека од страна на вработените и дежурниот лекар е пријавен во Полициската станица во Штип.

Ова е прв ваков инцидент во регионалниот Ковид-центар од почетокот на пандемијата, во кој се лекуваат пациенти од сите општини од источниот регион.

Надлежните од СВР-Штип најавија дека против 29-годишниот Х.Х ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста на службено лице на работно место.

Слични Објави