| |

КОЛЕВ: НЕМА НИШТО СТРАШНО И ОПАСНО ВО ТОА ДА СИ ЈА КАЖЕМЕ ВИСТИНАТА ЗА ЛУЃЕТО КОИ СИ ГО ДАЛЕ ЖИВОТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА И ОДРИНСКО

Нема ништо страшно и опасно во тоа да си ја кажеме вистината, не заради притисокот од Бугарија, ниту заради членството во ЕУ, туку заради вистината како вредност и достоинството на луѓето кои го дале животот за слободата на Македонија и Одринскo.

Со отворање на ваква дебата, можеби ќе успееме во напорот да ја искористиме шансата во декември.

Осознавам дека после толку години на манипулации и израснати многу поколенија со искривена вистина за нашето минато и револуционерната борба ќе е тешко, ќе биде отфрлена, но овој „стрес” е потребен, оваа дебата е потребна заради самите нас.

За да научиме многу факти не е потребно премногу напор, едноставно да ги прочитаме книгите напишани од наши професори и научници кои имале смелост да ги претстават фактите и документите од соодветната епоха без „интервенции”.
Очекувам во една таква дебата да се вклучат со искреност и смелост авторите на овие книги, проф. Ванчо Ѓорѓиев и проф. Драги Ѓоргиев, но и останатите интелектуалци и професори по историја.

Не е страшно и срамно кога човек што не знае да зборува невистини, но опасно за едно општество е кога тие кои ја знаат вистината ја премолчуваат или извртуваат.

Фб статус на Петар Колев, претседател на ГДУ

Слични Објави