ДЕСКОСКА: ВМРО-ДПМНЕ БАРА СЈО ДА ГО НЕМА
„ВМРО ДПМНЕ бара целосно демонтирање на СЈО и на Обвинителството за борба организиран криминал, затоа што не се согласува сите обвинители и вработени во СЈО да преминат во Обвинителството за борба организиран криминал, ниту ова Обвинителство да продолжи со истрагите од прислушуваните разговори“ рече министерката за правда Рената Дескоска по средбата со преставници на ВМРО ДПМНЕ околу новиот Закон за јавно обвинителство, јавува НОВАТВ.
Доколку се прифатат барањата на опозицијата, многу истраги и предмети на СЈО ќе застарат.
„ Според барањето на ВМРО ДПМНЕ неизвесна треба да биде судбината на сите лица кои се вработени во СЈО, лица кои се вработени на неопределно работно време во СЈО и во Обвинителството за борба против организираниот криминал, да не се знае каде ќе одат што негативно ќе се одрази на континуитот на процесите затоа што процесот на екипирање оди споро, а тоа ќе доведе до застарување на предметите и слуачите“ рече Дескоска.

