| |

Државната организираност, духовната организираност и образовната организираност ќе зрачат низ вековоте до денес

Facebook статус на Димо Петкоски

Првото бугарско царство, старата Бугарија, првата национална држава во Европа е од Борис I до Самуил, од 679 до 1018. Цели триста и педесет години непрекинато бугарско државно управување на сегашните македонски територии но и пошироко на балканските територии. Ова го нема во македонските учебници.

Денешните македонски генерации го немаат сознанието за нивното народносно формирање од VII до X век, а им се предава дека се неосознаена народносна маса која во ХIХ век е подложна на пропагандите. Во тоа далечно минато од истиот тој цар, Борис I, покрстени се нашите пагански далечни предци. Тогаш е формирана Охридската архиепископија, со првиот нејзин бугарски епископ Климент.

Во тоа време е изградена со царски пари на Борис “Св. Софија“ во Охрид како соборна црква на Охридската епископија на Бугарите (нејзиното полно и изворно име). Тогаш се изградени на Плаошник во Охрид објекти на Свети Климентовиот универзитет. Тоа се трите столба на древната бугарска духовност во Македонија на кои со векови јасно и го определуваат каректерот.

Државната организираност, духовната организираност и образовната организираност ќе зрачат низ вековите до денес… Ете го во една реченица изведениот и извршен државнички процес на национално вообличување и хомогенизирање на славјано болгарското население како понатамошен препознатлив општобугарски организам низ вековите.



Слични Објави