БУЧКОВСКИ ЗА ЕДНА ГОДИНА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГИ РЕШИ ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА СО БУГАРИЈА
Владата на Република Македонија на денешната редовна 25-та седница го именуваше поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник на нашата земја за Бугарија, потврдија од Владата за Фокус .
„Именувањето е со мандат од една година, а целта да се назначи специјален претставник е да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство“, велат од Владата.

