СО ПАРИТЕ ОД ВЛАДАТА АРАЧИНОВО ЌЕ ПЛАЌА СТАРИ ДОЛГОВИ
За Тв21 од Општина Арачиново велат дека парите ќе ги искористат за враќање на стари долгови. Со сумата која ја добиле од Владата, можат да вратат само половина, бидејќи долгот изнесува 60 милиони денари.
„Со оглед на тоа дека пандемијата со Ковид-19 ги отежни многу функции и активности на општината, доставивме барање за финансиска помош до Влада во врска со ефектите на Ковид-19, за да се соочиме со општинските долгови. Ние како општина наследивме повеќе долгови, а пандемијата ја отежни уште повеќе состојбата со општинските долгови. Владата донесе одлука и сме многу благодарни за добиената помош.“, велат од Општина Арачиново.

