| |

СДСМ: ПЛАТЕНА ПРАКСА ЗА МЛАДИТЕ ДОКТОРИ И ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ

Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за унапредување на здравствениот систем и подобрување на условите за работа на здравствените работници со цел тие да ја градат кариерата во јавното здравство.

Една од новините во насока на остварување на таа цел  е воведувањето шестмесечна платена практична работа за младите доктори.  Веднаш по дипломирањето, односно добивањето лиценца младите доктрина ќе имаат можност да  имаат 6 месечна практична работа во здравствените домови во Итната медицинска помош, вакциналните пунктови и во поливалентната патронажна служба, а потоа ќе можат да специјализираат.

Ова е само еден од многуте чекори кои ги презема Министерството за здравство за подобрување на условите на медицинскиот кадар во земјава.

Претходно, како дел од мерките со цел вреднување на трудот на медицинските работници беше и зголемувањето на основната плата на здравствените работници, соработници и помошниот технички персонал во здравството, од 5 до 10 проценти. Од септември предвидено е зголемување на платите и на административните работници во здравството.

Промени се воведоа и во плаќањето  на надоместок и на приватните специјализанти и зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд.

Владата предводена од СДСМ , превземајќи ги овие чекори овозможи привлекување нови кадри во јавното здравство, каде само минатата година се вработија 3,200 здравствени работници.

Унапредувањето на здравството и здравствените услуги остануваат еден од главните  приоритети на Владата предводена од СДСМ со една единствена цел  обезбедување на врвна медицинска нега за граѓаните и достојни услови за вршење на својата дејност за лекарите и медицинскиот персонал, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Слични Објави