| |

САД одобрија дополнителни ракети за бугарските F-16

САД одобрија продажба на дополнителни 125 ракети AIM-120C-8 AMRAAM и четири ракети AIM-9X Block II за бугарските борбени авиони F-16 Block 70, со што вкупната вредност на програмата за авиони, вооружување и поддршка достигнува 2,63 милијарди долари, јавува БГНЕС.

Според известување објавено во американскиот Федерален регистар, до Конгресот е испратено барање за проширување на првично одобрениот пакет со ново прецизно вооружување, резервни делови, логистичка и техничка поддршка.

Главниот дел од пакетот се 125 ракети AIM-120C-8 AMRAAM – најновата верзија на стандардната НАТО ракета за воздушна борба надвор од визуелен дострел, како и четири ракети AIM-9X Block II за блиска воздушна борба.

Од американската Агенција за соработка во областа на одбраната и безбедноста (DSCA) наведуваат дека новото вооружување значително ќе ги зголеми способностите на авионите F-16 Block 70 на Бугарија и ќе ја подобри подготвеноста за воздушен суверенитет, одвраќање и заеднички операции на НАТО.

Од Вашингтон оценуваат дека договорот ја зајакнува безбедноста на НАТО-сојузник и придонесува за зацврстување на источното крило на Алијансата.



Слични Објави