БУГАРИЈА СО ПОМОШ ОД НАД 250 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПРОЕКТИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА
Бугарија ќе ја помогне Р.Македонија со неповратна финансиска помош во вредност од над 250.000 евра. Парите доаѓаат по линијата на официјалната помош за развој и хуманитарна помош, предвидени во буџетот на Министерството за надворешни работи.
Првите 4 проекти со вкупна вредност над 200.000 евра беа потпишани од амбасадорот Ангелов и бенифициентите вчера. Проектите се од областа на здравството, младинскиот развој и граѓанското општество во Р.С. Македонија. Склучени се договори со Здружението за третман на деца „Во мојот свет“ од Скопје за исполнување на два проекти- „Реконструкција и опремување на првиот дневен центар за младинци и возрасни со нарушување во аутистичниот центар во Р. Македонија, во вредност“ од 234 700 лева и „Спроведување на третман и сензорна терапија на деца со аутизам, синдром на дефицит на вниманието и хиперактивност и синдорм на Аспергер за семејства од социјално ранливи категории од 2021 година“ во вредност од 73 340 лева.
Другите два проекти имаат за цел да го помогнат развојот на граѓанското општество и младинскиот развој и се во вредност над 50 000 евра. Проектите ќе бидат исполнети од здружението „Центар за современи истражувања- Охрид“ и граѓанското здружение „Академија за иновативно образование, кариера, изучување на бугарски јазик, култура, традиции и други интелектуални услуги- Задравеј“.
Денеска беа потпишани уште два договори за проекти финансирани од Бугарија по официјалната Програма за помош и развој од буџетот на Министерството за надворешни работи-Бугарија. Проектите се од сферата на здравството, развојот на медиумите и граѓанското општество и се во вредност од речиси 50 000 евра. Според денеска склучените договори невладината организација „Профицио- мултиетничка толеранција“ ќе добие 33 347 лева за организација на заедничка конференција на педијатри и детски пулмолози на тема лекување, третман и превенција од Ковид-19 кај децата. Вториот проект има за цел создавање на новинарски интернет сајт насочен кон информирањето за демократските рефорни и преговорите за членство во ЕУ на Р. Македонија. Тоа е во вреднос од над 30 000 евра а организацијата која што ќе го исполни е „Онлимит медиа“.
