| |

МИЦКОСКИ СВЕДОЧИ НА СУД

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува денеска, а како сведок е повикан лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на минатото рочиште не се појави поради лични причини.

На претходдно рочиште на 22 декември како сведоци на одбраната беа сослушани поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски и Владимир Неловски. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Мицкоски е предложен како сведок на одбраната, а покрај него денеска се очекува да будат испитани повеќе сведоци од ВМРО-ДПМНЕ. Беше предвидено тој да сведочи и на  минатите две рочишта, но поради обврски тој не можеше да дојде.



Слични Објави